Стано: Промените во законот за државјанство во Црна Гора треба да се донесат на инклузивен начин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската Комисија реагираше денеска за протестите во Црна Гора поврзани за промените во законот за државјанство во оваа земја и потсети дека треба да се почитуваат основните ЕУ одредби.

Петер Стано, портпарол на Европската Комисија, изјави дека во однос на промените во законот за државјанство во ЕУ правилото е дека ова е строго национално прашање и дека секоја земја одлучува самостојно за критериумите, меѓутоа дека треба тие да се направат во рамките на законодавството на ЕУ. Тој нагласи и дека промените треба да се донесат на инклузивен начин.

-Секоја промена треба да биде направена на инклузивен начин со инволвираност на сите чинители и со широка консултација на темата, изјави Стано.

Портпаролот ги повика сите страни во Црна Гора да покажат воздржаност откако протестите се радикализираа. За Брисел е важно протестите да ги почитуваат правилата за јавно здравје, владеење на правото и јавен ред и мир.