Новите мерки на граничните премини предизвикаа долги колони, чекање и нервоза кај патниците. Од денеска кој сака да влезе или излезе од Македонија, треба да исполнува еден од условите, сертификат за вакцинација, ПЦР тест или антиген тест, или доказ за прележан вирус во последните 45 дена.
Мерките важат исто како за странските државјани така и за нашите државјани. Доколку немате еден од овие документи одите во 7 дневен карантин. Странците изолацијата ќе треба да ја платат сами. Некои граѓани не беа запознаени со мерките затоа се вратија назад, други се жалеа за долгото чекање а некои одлучија границата за побрзо да ја поминат пеш.
„Во Прешево тргнав да одам“, истакна граѓанин.
„Да, од денеска треба тест или вакцина“.
„Јас немам ни тест ни вакцина. Ќе се вратам назад, што да правам“, вели граѓанин.
„Поради тоа што има голема колона на граничниот премин Табановце, во меѓуграничната зона, тогаш имаме голем број на возила, затоа патуваме пеш“, посочи граѓанин.
ТВ21: Што ви побараа на граница?
„Ништо повеќе само потврда дека сме примиле 2 дози на вакцини“, додаде граѓанин.
„15 до 11 сум дојден и без 10 минути веќе 4 часа чекам“, вели граѓанин.
Полицијата на овој граничен премин, ни рече дека работат по правила, а колоните се создаваат од страната на српската граница.
Исклучок од ваквите мерки се возачите од земјава како и странските возачи на камиони кои минуваат транзит низ земјава.
Странските државјани кои минуваат низ Македонија ќе имаат 5 часа на располагање, и ќе треба да пополнат изјава потпишана пред влез во земјава а која ќе треба да ја предадат пред граничната контрола при влез во земјава и која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола при излез од земјава.
