„Ставот на Бугарија кон одредени идентитетски, јазични, малцински права на Македонија и на Македонците е навредлив, непримерен и надвор од рамките на тоа што се европски вредности“, истакна пратеникот на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека тој што треба да го преиспита своето однесување како членка на Европската Унија е Република Бугарија.
„Македонија уште од 2009-тата година има заслужено прва меѓународна конференција, односно отпочнување на преговорите“, порача Муцунски.
