Стефан Ристовски во најдобриот тим на третото коло во ЛШ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, е дел од идеалниот тим во третото коло во Лигата на шампионите.

Десниот бек на Динамо Загреб, забележа две асистенции во победата на својот тим од 2-0 на гостувањето кај Салцбург, што беше прва победа за „модрите“ во Лигата на шампионите ова сезона.

Ристовски на крајот ја доби наградата и играч на натпреварот. Тој се најде во друштво со Рејндерс, Барела, Винисиус… Токму Винисиус беше прогласен за играч на колото.