Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани дека ќе воведе царини за Европската унија и рече дека неговата администрација разговара за казнена царина од 10 отсто за кинескиот увоз.
Трамп ги упати најновите тарифни закани во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, еден ден по преземањето на функцијата.
И откако Трамп објави царина од 10 отсто за кинески стоки, кинеското Министерство за надворешни работи одговори велејќи дека „ќе ги брани своите национални интереси“.
„Отсекогаш верувавме дека нема победник во трговска или тарифна војна. Кина е цврсто посветена на заштитата на националните интереси“, рече портпаролката на министерството Мао Нинг, пренесува Би-Би-Си .
