Стигнаа 200 илјади вакцини, граѓаните излегоа на тераси за да ги видат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прв пристигна министерот да го види местото каде што ќе се складира најголемиот дел од вакцините во земјава. 200 илјади вакцини Синофарм ќе се складираат во овие депоа. Војската пристигна, а со себе донесоа дигалка што ќе помогне во истовар на вакцините. За расчистување на местото кога ќе стигнат вакцините се погрижи и полицијата отстранувајќи ги автомобилите. Два камиона дојдоа во близина на местото каде ќе се истоварат вакцините, а повозрасните граѓани гледаа од прозорците на нивните домови.

Министерот Филипче рече дека сите вакцини против Ковид 19 се безбедни и дека граѓаните не треба да бираат со која ќе се вакцинираат.


Амбасадорот на Кина во Македонија, Јанг Шио рече дека е горд што Кина допринесува за вакцинацијата на граѓаните.


„Пандемијата и натаму се шири и ние работиме да успееме во имунизацијата на населението. Горди сме што кинеските вакцини ќе допринесат во вакцинацијата на граѓаните на Северна Македонија“, рече амбасадорот Јанг Шио.


200 илјади кинески вакцини Синофарм е најголемата количина вакцини што пристигнале во нашава земја од почетокот на пандемијата. Со пристигнувањето на 200-те илјади кинески вакцини Синофарм, по државните празници и официјално ќе започпне имунизацијата на населението. До сега се вакцинирале 60 илјади граѓани, а здравствените власти истакнуваат дека од следната недела ќе се вакцинираат околу 10 илјади граѓани.