Нови вести доаѓаат од болницата Кареги во Фиренца во врска со состојбата со фудбалерот Едоардо Бове, фудбалерот на Фиорентина кој вчера колабираше во 16. минута на мечот во Серија „А“ против Интер.
Вестите засега се добри, и веројатно станува збор само за моментален колапс на фудбалерот, кој веднаш беше пренесен во болница, а натпреварот беше прекинат.
Бове добро ја минал вечерта, утрово бил буден, свесен, и одговорал на сите поставени прашања. Оштетување на срцето и мозокот, велат медиумите во Италија.
„Сега ќе се прават дополнителни проверки за да се испита целата ситуација“, стои во пишувањата на италијанските медиуми.
Вчера излезе информација дека Бове добил удар по дуел со играчот на Интер, Дeнзел Дамфрис. Потоа на клупата соопштил дека има вртоглавици, но ништо не наведувало дека ќе колабира. Тој се наведнал да ја врзе копачката, по што одеднаш колабираше.
Веднаш притрчаа играчите, пред се Матија Каталди, кој веднаш му го извадил јазикот. Потоа со брза помош беше пренесен во болница, каде што веднаш му биле направени испитувања, кои покажале дека нема оштетувања на мозокот и на срцето.