Стојанов: Ако ги почитуваме овие, ќе нема потреба од порестриктивни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, имвме прилог со директорот на центарот за јавно здравје, Александар Стојанов. Темата беше коронавирусот и неговото брзо ширење.

На прашањето дали доколку продолжат овие бројки, можеме да очекуваме и рестриктивни мерки, Стојанов одговори.

„Секако дека може да има и рестриктивни мерки. Но, сметам дека ако се почитуваат овие сега, дека ќе нема потреба од поретстриктивни мерки. Кој сака да седи дома? Кој би седел една недела дома? Никој, но ако се почитуваат мерките, нема потреба од такви ригорозни мерки“, рече Стојанов.