Виктор Стојанов, бугарскиот државјанин кому не му било дозволен влез во Македонија со 920 кини под насловот „Бугарски песни на браќата Миладинови“, се огласи по повод задржувањето на граничниот премин „Деве Баир“.
„Причината за моето чекање 6 часа на границата е тоа што книгите „Бугарски народни песни на браќата Миладинови“, не им одговара“, рече Стојанов за Агенцијата „Фокус“.
„Тоа е форма на рефлексна реакција од таа држава, за разлика од населението кое сака да ги чита бугарските книги и ги очекува. Носев со себе 920 книги, прототипно издание во оригинал. Имавме таква кампања“, посочи тој.
„Сосема неочекувано и без објаснување бевме вратени во Бугарија и не ни беше дозволено да влеземе. Другиот апсурд е што Република Северна Македонија ги цензурира сите бугарски книги. Ни беше кажано дека ќе треба да испратиме барање до МНР и Министерството за култура на Северна Македонија и ќе треба многу време да ни одговорат дали дозволуваат или не да ги подариме книгите на Бугарскиот културен центар во Скопје. Тоа е тоталитаризам и цензура која е карактеристична за 60-тите години од минатиот век“, рече Стојанов.
Поради ова, бугарската амбасада во Скопје поднела протестна нота во македонското МНР за овој скандал.
