Столчето во ДИК и натаму празно – нема најави за седница, опозицијата се сомнева за нерегуларности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема најави дека ќе се реши отвореното прашање со испразнетото столче во Државната изборна комисија. Изборот на члена на ДИК ги принуди пратениците од албанската опозицијата да објави бојкот а Собранието. Тие во првата координација по новогодишните празници кај претседателот на Собранието Џафери не присуствуваа а најавија и други мерки. Фадиљ Зендели од Беса вели дека со ова се фрла сомнеж дека власта сака да ги манипулира изборите.

„Тоа е чиста блокада за да не се избере и да се комплетира Државната изборна комисија за да биде легална и легитимна на наредните избори. Со самото тоа Џафери со својата екипа на некој начин ги блокира демократските процеси и испраќа лоша порака дека се планира да го изманипулираат изборниот процес“, вели Фадиљ Зендели.

За сега нема најави од Собранието дека ќе продолжи процесот за комплетирање на ДИК. Зендели сепак вели дека нема да се откажат од инсистирањето за да се избере членот од нивните редови. За ова, како што додава ја известиле и меѓународната заедница.

„Ние ќе вршиме притисок колку што можеме и колку се нашите политички во Собрание и надвор од Собранието. За ова се известени и од меѓународниот фактор во земјата. Како што овие почнаа да го блокираат овој процес за да остане празно ова место во Државната изборна комисија, на некој  начин тоа им е целта, но како што реков, ние ќе инсистираме со сите наши политички можности внатре во Собранието и надвор од Собранието за да се комплетира Државната изборна комисија“, порача Фадиљ Зендели.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека со тоа што не се избира член на ДИК се фрла сомнеж за регуларност на изборите.

Изборите од самиот почеток не се фер, гледате дека не го пополнуваат местото што и припаѓа на албанската опозиција што и припаѓа во Државната изборна комисија. Самиот процес од самиот почеток има многу недостатоци“, вели Христијан Мицкоски.

Политизирањето на целиот процес го проблематизира комплетирањето на Државната изборна комисија. Затоа, како што смета Максим Димитриевски градоначалник на Куманово и претседател на партијата ЗНАМ во емисијата на ТВ21 Клик плус,  ова тело треба да биде независно.

„Таа е политичко тело која што ја сочинуваат претставници кои што ги делегираат политички партии и сметам дека нашата тенденција како држава треба да биде да создадеме една независна Државна изборна комисија која што ќе им служи првенствено на граѓаните и да биде во функција на развој на демократијата и дополнително да обезбеди сигурност на гласачите“, порача Максим Димитриевски.

Државната изборна комисија брои 7 членови, но откако замина Кренар Лога за министер за правда, остана едно испразнето место. За таму албанската опозицијата го предложи Абдуш Демири, но откако се блокира изборот, тие рекоа дека ќе го бојкотираат Собранието.