Столица купена на пазар за пет фунти, продадена за над 16.000 фунти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Столица купена на пазар за стари работи во англискиот град Брајтон, во Источен Сасекс, се покажа дека е дело на познат уметник и потоа беше продадена на аукција за 16.250 фунти.

Жителка го купила столчето од дрво и ратан за пет фунти. Го донела дома, го разгледала и испратила неколку слики од парчето мебел до музејот Викторија и Алберт. Но, не добила одговор, па се обратила до аукциската куќа „Свордерс“. Стручњакот Џон Блек веднаш ѝ одговорил.

Се наведува дека столицата е создадена 1902 година од австрискиот уметник Коломан Мозер. По консултација со експерти од Виена, автентичноста е потврдена. Столицата  е всушност реплика на традиционална столица од 18 век.