Столтенберг до Македонија: Бидете подготвени и за најлошото, НАТО е спремно да ги брани сојузниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прва средба на премиерот Димитар Ковачевски со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Тема на разговор Русија и Украина. Распоредувањето на силите на Русија Столтенберг го оцени како најголемо по студената војна.


“Нато покажа дека ги брани сите сојузници. Ние сакаме да најдеме политичко решение за кризата. Но вие мора да бидете подготвени и за најлошото“, вели Столтенберг.

На средбата во седиштето на НАТО во Брисел, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, премиерот Ковачевски истакна дека со исполнувањето на својата стратешка цел да стане членка на НАТО, Македонија во рекордно време ја оствари воената интеграција во алијансата и продолжува со процесот на модернизација на нашата армија.


„Со генералниот секретар Столтенбер разговаравме за ситуацијата со и околу Украина што претставува закана и за европската и за меѓународната безбедност. Како сојузник на НАТО ние се приклучуваме кон апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог,“ вели Ковачевски.

Ковачевси додаде дека како земја-членка на НАТО го сметаме за суштински апелот на НАТО Русија да го обнови дијалогот во рамки на Советот НАТО-Русија, и додаде дека Северна Македонија е подготвена за конструктивен ангажман во рамките на тој процес.