Стоматолозите откриваат кое е најлошо време за миење на забите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Можеби кај многумина преовладува мислењето дека секое време е добро за миење на забите. Меѓутоа тоа е грешка, а стоматолозите предупредуваат и зошто.

Постои одредено време кога миењето на заби може повеќе да наштети, отколку да донесе корист и здрава хигиена. Во прашање е миење на забите веднаш после оброк.

Стоматолозите предупредуваат дека тоа е лоша идеја, затоа што варењето почнува од устата, што создава киселост, а тоа не е најдобар услов за миење на забите.

„Кога ќе изедете храна која содржи шеќер, или едноставко скроб кој во устата се разградува на шеќер, бактериите кои предизвикуваат кариес почнуваат со нив да се хранат, и произведуваат киселина. Кога вашите заби се изложени на силна киселина, привремено слабее вашата забна глеѓ, и тоа предизвикува губење на минерали“, вели Џин Лин, сопственик на детска стоматологија и предупредува дека со четкањето во оваа ситуација, може дополнително да се оштети глеѓта (заштитен тврд слој на забите).