Струмичани се кренаа на протест против, како што велат отворањето на рудникот на смртта Иловица – Штука. Со сирени, свирчиња и транспаренти на кои пишуваше „Стоп, доста беше со манипулации“, „Водата и земјата се поскапи од злато“ , „Профитери“, активистите и граѓаните одлучно кажаа „не“ за, како што ја нарекоа, срамната одлука на Владата да ја спои концесијата за рудникот Иловица-Штука. Бараат институциите веднаш да го спречат отворањето на рудникот и за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на местото Иловица.
ИЗЈАВА: ОЛИВЕРА АРИЗАНОВА МАНСБАРТ АКТИВИСТКА 4,10 – 4,32
„Знаеме од последната пресуда на Управниот суд дека барањето на Еуромакс Ресорсис, судот да наложи на Владата спојување на концесиите е отфрлено. Сега се поставува прашањето кој тука лаже, манипулира и зошто?“, вели Оливера Аризанова Мансбарт.
„Оваа борба ќе ја водиме на секое можно ниво, почнувајќи од општинските совети па се до највисоките државни инстанци. Им порачуваме сите овде на сите надворешни и внатрешни непријатели на струмичката котлина дека ќе се бориме до крај и ќе ја зачуваме нашата природа за следните поколенија.“, рече Стојан Велков, активист.
Со соопштение се јавија од Еуромакс Ресоурсис од каде велат дека со протестот се врши притисок врз институциите за, како што велат, оваа најголема инвестиција, а за евентуално укинување на одлуката се закануваат со тужба.
„Потенцијалната штета од ваквиот неодговорен пристап би била меѓународна арбитража со најмалку 1 милијарда евра наплатени од македонскиот државен буџет, односно од џебот на граѓаните. Апсолутно злонамерна шпекулација е дека актуелната Одлука на управните судови, по која постапи Владата, е прва судска пресуда во корист на Еуромакс Ресоурсис.“, најавуваат од Еуромакс.
На овој протест присуствуваа и неколку министри од Владата меѓу кои министерката за екологија Каја Шукова и за труд и социјала Јованка Тренчевска. Тренчевска по завршувањето на протестот изјави дека ќе се преиспита одлуката на Владата за концесијата на рудникот Иловица – Штука.
„Ставот на СДСМ по однос на отворањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион.Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отварање на рудник во Иловица, без консултација и одобрение од граѓаните.Владата во координација со премиерот и министрите ќе ја преиспитаат одлуката за спојување на двете концесии и ќе побарат дополнителни информации од надлежното министерство.“, изјави Тренчевска.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ова вели дека е уште една бизнис зделка на ДУИ и СДСМ а присуството на дел од министрите е само лицемерие.
„Ова е ништо повеќе од обична владина бизнис зделка на ДУИ пред се кои се дел од овој проект и Владата на СДСМ и замислете какво лицемерие, какви двојни стандарди Владата носи одлука за спојување, а министерот во таа иста Влада вели ќе биде заедно со тие луѓе што протестираат. Па ако не се согласува со таа одлука може уште истиот ден да поднесе оставка.“, рече Мицкоски.
Неофицијално се вели дека дел од министрите реагираат дека на владината седница и тие но и премиерот Ковачевски биле измамени од министерот за економија Крешник Бектеши на самата седница. За ова побаравме став од министерот Бектеши но тој не одговори на прашањето на ТВ21.
