Стопанственикот кој го изнел Груби од Македонија повикан во полициска станица Карпош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице во моментов се наоѓа во полициска станица Карпош, каде се спроведува информативен разговор, дознава ТВ21 од свои извори.

Станува збор за стопанственикот кој наводно со дипломатско возило го изнел Артан Груби надвор од Македонија.

Според извори на нашата редакција, во моментот кога ја напуштиле државата за Артан Груби најверојатно не била активирана забрана за напуштање на државата ниту имало издадено СТОП наредба.

Денеска МВР распиша меѓународна потерница по Артан Груби, како и по екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами.