Десетици загинати и голем број повредени во експлозија во рудник за јаглен во турската провинција Бартин. Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале 110 лица, од кои 49 во подлабоките делови на рудникот, каде опасноста е поголема. Спасени се 58 рудари.
Арслан: Кој излезе од под земја? Кој?
Рудар: Не можев да видам ништо, насекаде беше покриено со прашина и чад. Не знам што се случи, не можев да видам ништо. Чад и прашина, не можев да видам ништи. Дури ниту светлина не можев да видам.
Арслан: Сами излеговте?
-Да, сами!.
–Арслан: Значи, не знаете што се случило, дали е експлозија.
Рудар: Најверојатно станува збор за експлозија, кога се вративме таму го (почувствувавме) само притисокот. Поради притисокот, насекаде беше покриено со прашина. Не можевме да видиме ништо“.
-Видовме ужасна сцена, не може да се опише, многу е тажно, вели рударот Џелал Кара.
Репортер: Сите твои пријатели?
-Сите тие се мои пријатели, пријатели со кои јадам и пијам за време на викендот. Сите имаа соништа. Претпоставувам ова беше…Сите имаа семејства. Некои беа во брак, некои беа слободни. Секој имаше надежи и мисија, додаде Кара.
Министерот за внатрешни работи попладнево го посети место на трегедијата, а во изјава за медиумите потврди дека 40 тела на починати рудари биле извадени.
„Ги извадивме (посмртните останки) на 40 наши рудари, наши маченици, и ги испративме во болница. Единаесет повредени се лекуваат во болниците“, изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.
Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез изјави дека пожарот што избувна во галеријата на рудникот по експлозијата во голема мера е под контрола.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го откажа планираното патување во југоисточната турска област Дијарбакир и наместо тоа го посети местото на трагедијата.
