Учениците на стручните средни училишта “Димитар Влахов” и “Шаип Јусуф” се натпреваруваат за да ги покажат нивните способности за кратење и средување на коса.
За разлика од нивните врсници кои сакаат да заминат во странство, неколку ученици со кои зборувавме велат дека сакаат да останат тука и да отворат нивни бизниси.
„Јас сум Алејна Шасивари, ученичка во Димитар Влахов. Ми се допаѓа правецот за фризерство, ми се допаѓа отсекот, како креативност. Тоа е професија во која можеш да дадеш се од себе и ти се допаѓа тоа што го работиш. Би сакала да отворам свој бизнис, да студирам повеќе, сама да работам, да не останам само работничка, но и да останам знам дека вреди“, вели Алејна.
Директорката на училиштето Димитар Влахов, Јасмина Гудоманова, вели дека максимално се трудат за да ги поттикнат младите да учат во стручните училишта бидејќи, како што вели, има недостиг на работна сила во областа на фризерство.
Извршниот директор на комората на занаетчии, Анета Атанасовска, вели дека е за жалење фактот што секој млад кој дипломира заминува во странство.
Младите од стручните училишта, освен теорија, завршуваат и пракса во различни места. Инаку невработеноста во последното тримесечје минатата година била 14%. Од активното население во РСМ, над 112 илјади граѓани се невработени.
