Струга и Охрид преполни со туристи – 2023 се очекува да биде најуспешна туристичка година, 530 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најдобра туристичка сезона во земјава беше 2019 но 2023 ги надмина бројките од пред 4 години, велат од Агенцијата за промоција и заштита на туризмот. Над 90% од капацитетите на хотелите и приватното сместување се исполнети а резервации се прават до средина на октомври.

Доколку продолжи овој тренд на раст се очекува во домашната економија само од летната сезона да се слеат 530 милиони долари.

Според статистиките од 2022 еден турист во нашите туристички места троши 85-95 долари на ден, но се уште не се знае колкав ќе биде дневниот процент имајќи предвид дека цените на пијалаците и брзата храна во Охрид и Струга се значајно зголемени.