Струга одвои 600.000 денари за кучиња скитници – Нестороски смета дека единственото решение е стационар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако општина Струга пред неколку недели беше во центарот на вниманието поради не третирањето на кучињата скитници и нивното убивање од едно лице, одлучи да одвои 600 илјади денари од својот буџет за нивен третман, а и нашле и ветеринарска клиника која ќе ги кастрира и стерилизира кучињата скитници. Кучињата откако ќе бидат третирани ќе бидат повторно вратени во локацијата каде се земени.

Но, дали ова е решение за кучињата скитници во овој град? Со истиот проблем се соочува и општина Кичево, каде се одвојуваат средства за третман на кучињата, но тие не се доволни, бидејќи како што вели Ѓорѓија Нестороски, единственото решение за овој проблем во сите општини е изградбата на стационари.

Само во Кичево, последните 2 години 550 лица пријавиле во полиција дека биле нападнати од куче скитник, лица кои земале оштета од општината. Нестороски вели дека за две години општината исплатила 244 илјади и 500 евра оштета, средства кои според него се доволни за изградба на стационар.