Струја ќе има, но по која цена? Посакпување после Нова година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Граѓаните и институците за сега добро штедат струја, така да продолжат -ги пофали советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов. Порачува, граѓаните да бидат спокојни, финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, а струја ќе има за сите во текот на зимата.

Во периодот од 15. 10 до 31.10 произведени се 199 830 мегават часови  електрична енергија. Во истиот период продадени се и 600 мегават часови на електрична струја како вишоци. Со ова домашното производство на електрична енергија за период од 15 дена во целост ги покрива потребите на домаќинствата на малите потрошувачи, вели советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов.

ЕСМ го реализира својот план за производство на електрична енергија во целост 100%. Произведено е повеќе струја од планираното. Биле планирани 3 034 гигават часови, а произведени се 3 039 гигават часови-објаснува Андонов.

Но, пред нас е зимата, доаѓаат постудени денови неопходно е да ги вложиме сите максимални напори за штедење на електрична енергија. Во октомври покрај добрите временски услови голема улога одигра и шедењето на електрична енергија од граѓаните и институциите за да нема набавка на електрична енергија, рече Андонов.

Струја ќе има, но и таа како многу производи и услуги ќе стане ли луксуз? Владата презема мерки повеќе од една и пол година за импутот во дефинирање на цената за следната година да не биде удар за самите граѓани. Но, сепак, вицепремиерот за економски прашања пред два дена најави поскапување на цената на струјата.

-Секако сме свесни сме дека енергетската криза е тука и дека мора да има одредено, но да биде колку што е можно поблаго да биде ударот кај граѓаните, сметам дека тоа е императив за Владата, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На прашањето за колку отсто би се зголемила цената на струјата од Влада ни одговорија дека Предлог-буџет е испратен во Собранието, каде ќе се отвори дебата низ соодветните собраниски процедури.

Владата постојано ја следи и анализира состојбата со енергенсите, и соодветно реагира за да ги ублажи последиците од кризата која има глобален ефект. Клучно е да се заштитат ранливите категории на граѓани и затоа ние ги имаме таргетирано преку конкретни мерки, велат од Владата.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоскипотврди дека комисијата и да не донесе промена на цената на струјата, само врз основа на покачувањето од 5 на 10%  на ДДВ-то ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електричната енергија.

Согласно Законот за социјална заштита домаќинствата кои користат право на Гарантирана минимална помош и корисниците на право на социјална сигурност-социјална пензија, добиваат додаток од 1.000 денари месечно, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, во месеците на грејна сезона односно од октомври до март. Од 1 јули струјата за домаќинствата поскапи во просек за 7,4 отсто.