„Струјата е скапа, многу компании во опасност“ – Стопанската комора бара решение од Влада за спас на бизнисот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради поскапувањето на струјата, многу компании се во опасност да пропаднат со што ќе се изгубат и многу работни места, најави потпретседателот на Стопанската комора Зоран Јовановски. Според него Владата треба да најде решение за бизнис секторот да преживее.

Јовановски потсети дека прашањето за цената на електричната енергија не е само сега актуелно, туку важно е и за во иднина. Тој додаде дека цената на струјата за компаниите од регионот е поевтина отколку кај нас, а тоа ги прави нашите компании неконкурентни.

Во однос на податоците од Централниот регистар, Јовановски истакна дека во 2021 избришани се 6995 правни лица а во 2022 според јавните податоци, избришани се 5324 правни лица.

Стопанската комора бара предлозите кои веќе неколку пати ги објавиле, да бидат разгледани и прифатени. Што се однесува до мерките на Владата за штедење струја, Јовановски рече дека никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат.