Струмичанец денеска напладне починал во својот дом во пожар предизвикан од греалка.
Од СВР Струмица информираа дека во 12:35 часот на улицата „Широк дол“ во Струмица е пријавено починато лице.
Од ТППЕ Струмица информираа дека во гаснењето на пожарот во запалена просторија од куќа интервенирале со четворица пожарникари и едно противпожарно возило.