Студенти по медицина ќе помагаат во справувањето со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во интервју за Сител ТВ најави дека студентите по медицина кои стажираат ќе бидат вклучени во процесот за справување со коронавирусот.

„Студентите, за време на својот стаж во последната шеста година се вклучат во помош на центрите за јавно здравје за правење на анкетите. Причина зошто резултатите овие денови доцнат, е заради тоа што навистина епидемиолозите не можат да постигнат со оглед на големиот број на анкетни листови кои што се пополнуваат и затоа студентите во рамките на својот стаж ќе се приклучат и ќе помагаат во овој дел“, вели министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за ТВ Сител.