Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Шпанците синоќа со 2-0 ја победија селекцијата на Франција, и така се пласираа во големото финале во кое за трофејот ќе се борат против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Аргентина и Англија.
Шпанците најпрво поведоа со гол од пенал на Ојарзабал. Пеналот го изнуди Јамал во дуел со Дињ. Во второто полувреме Педро Поро им избега на одбранбените играчи на Французите, и успеа да дојде до шанса, која ја искористи и така донесе 2-0. Французите немаа сила да се вратат, и покрај тоа што во еден миг во нападот играа со својот насилен „арсенал“ Мбапе, Дембеле и Олисе, но тројцата не можеа против одличната одбрана на Шпанија, која има примено само еден гол на Светското првенство.
Вечерва во 21:00 часот ќе играат Аргентина и Англија. Победникот ќе се бори за големиот трофеј, додека поразениот ќе игра против Франција во мечот за третото место.
