Судот не дозволи „Монструм“ да се врати на почеток, обвинетите добиле нови адвокати, откако старите биле казнети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Спречено е случајот „Монструм“ да се врати од почеток од страна на судечкиот совет. Случајот се води по стариот Кривичен законок, според кој предметот се враќа на почеток ако 60 дена не се одржи рочиште, додека во новиот закон се предвидени 90 дена.

Според соопштението од Кривичен, еден од адвокатите на обвинетите, Аспир Алиспахиќ, има доставено решение дека е позитивен на коронавирус, а претходно отсуствувал и на другите рочишта.

„Судот му предложи на адвокатот Насер Рауфи, кој нема спротивставена одбрана со другите бранители да го замени отсутниот колега – адвокат. Но истото беше одбиено. Дополнително беше предложено, доколку расправата се одложи, на следната расправа судењето формално да почне од почеток, заради проток од 60 дена, но само со читање на досега изведените докази. Но, и тој предлог наиде на несогласување и адвокатите без дозвола од судот и какво било оправдување, ја напуштија судницата“, велат од Кривичен.

За судењето да не биде вратено од почеток, Судот им определил нови адвокати на сите обвинети по службена должност.

По нивно назначување, судењето продолжило со презентирање на материјален доказ, вешт наод и мислење.

Следното рочиште за овој случај е закажано за 24 ноември.

Покрај адвокатите, Судот се одлучил да ги казнат, и да ја известат Адвокатската комора.