Судот во Пекинг одлучи дека мажот на својата поранешна сопруга треба да и исплати 6300 евра, како дел од бракоразводниот договор, за да и надомести за куќните обврски кои ги работела во текот на пет години брак.
Оваа пресуда е донесена врз основа на новиот Закон за брак кој во јануари стапи на сила во Кина, а кој содржи клаузула која вели дека сопружникот кој минува повеќе време со децата и одработува куќни работи во брак, има право да бара надомест доколку дојде до развод.
Со тоа што бил потврден разводот, Судот доделил на жената старателство над синот и покрај тој надомест, наложил на поранешниот сопруг да плаќа и алиментација од 300 долари месечно.
Адвокатот кој води разводи во Кина, вели дека износот кој мажот треба да го плати, е премал во оваа ситуација.
