Судот во Романија ги поништи резултатите од првиот круг претседателски избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставниот суд на Романија денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако беа декласифицирани безбедносните документи и беше најавено дека процесот мора да се повтори, пренесува Ројтерс.

Во првиот круг од изборите на 24 ноември победи кандидатот на ултранационалистичката и проруска партија Калин Ѓорѓеску, а во вториот круг излезе проевропската кандидатка Елена Ласиони.

Вториот круг на гласање требаше да се одржи на 8 декември.