Судот забрани кремирање на телото на Марадона

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...

Телото на покојниот Диего Армандо Марадона не смее да биде кремирано, бидејќи може да има потреба од ДНК примерок во текот на оставинската постапка.

Одлуката, како што јавија денеска аргентинските медиуми, ја донесе судот во Буенос Аирес, и покрај тврдењето на личниот адвокат на Марадона, кој во изјава за Ројтерс истакна дека веќе е земен ДНК примерок при обдукцијата на телото.

Аргентинската фудбалска легенда почина на 25 ноември од срцев удар и е погребан на гробишта покрај неговите родители во близина на Буенос Аирес.

Судската постапка околу оставината на Марадона веќе започна и се очекува долг и сложен процес. Тој остави пет законски признаени деца, а уште шест други тврдат дека Марадона е нивен татко.