Судската полиција се жали дека се дискриминирани со измените на законот за судски услуги. Претседателот на независниот синдикат на судската полиција, Владимир Литовски, тврди дека на сите други вработени во судовите платата им е покачена за 15%, а само на полицајците 2%.
За време на протестот, Литовски беше повикан од министерот Никола Тупанчевски. Тој им вети дека до крајот на неделата ќе разговара со Министерството за финансии за исполнување на барањето за покачување на основната плата за 15%. Литовски додаде дека многу често се случува судските полицајци да бидат заборавени.
Полицајците кои протестираа му дадоа рок на министерот Тупанчевски до крајот на неделата за исполнување на нивното барање, во спротивно најавија дека ќе постават тенди пред министерството се до исполнување на нивното барање. Литовски се поѓали и за недостигот од кадар, а рече дека во земјава има околу 180 судски полицајци.
