Денеска Судскиот совет донел одлука за разрешување на судијката Софија Лаличиќ.
Оваа одлука била донесена со 11 гласа „За“ и 2 „Против“.
„Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, стои на веб страницата на Судскиот совет.
Инаку, се работи за судијка која се слуша во „бомбите“ коишто беа објавени од СДСМ.
