Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, новоизбраните членки на Судскиот совет на Република Северна Македонија, денеска дадоа свечена изјава во Охридската сала на Собранието, пред претседателот Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска.

Претходно, Собранието ги избра вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за нови членки на Судскиот совет, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Таа образложи дека изборот се темели на нивната стручност, професионален интегритет и личен кредибилитет, нагласувајќи дека реформите во правосудството мора да ги водат докажани личности.

За изборот на Шахиновиќ гласаа 63 пратеници, додека Јошевска-Анастасовска доби поддршка од 81 пратеник. Со нивниот избор се пополнуваат испразнетите места во Судскиот совет, кој и понатаму останува со уште две слободни позиции, за кои најавени се нови огласи согласно новиот Закон за Судски совет.