Светот тагува за кралицата Елизабета – сочувство од светски лидери, јавни личности, граѓани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И покрај лошото време во текот на целата ноќ, луѓе од сите краеви на Велика Британија положуваа цвеќиња во знак на почит и сеќавање кон кралицата Елизабета II пред замоците Балморал и Бакингемската палата.

„Целата држава е во тага поради оваа вест. Мислам дека сите сме горди од тоа што го направи за Британија. Ќе ни недостасува многу“, вели Хенал Рајчура.

Со цвеќиња беа покриени и амбасадите на Велика Британија низ целиот свет.

Во знак на почит изгасени беа светала на Ајфеловата кула во Париз, а Емпаер стејт билдинг беше осветлена во класката бојна лилава, а знамињата на Европските институции се на половина копје, како и македонското знаме во НАТО Алијансата.

Ден на жалост беше објавен и во Нов Зеланд и Австралија кои дел од 15-те држави на кои Елизабета втора беше кралица.

„Можам да најдам утеха во нејзините зборови, тагата е цената која ја плаќаме за љубовта“, вели Антони Албанез.

„Ова е време на голема тага. Нема сомнеж дека денеска се затвора една глава од историјата. Заедно со тоа ја споделуваме и благодарноста кон една неверојатна жена за која имавме среќа да ја наречеме нашата кралица“, порача Џасанда Ардерн.

И денеска светските лидери продолжуваат да испраќаат пораки со сочувство кон кралското семејство. Меѓунив се и претседателите на Украина и Русија и кралот на Шпанија.

„Кралицата Елизабета ќе биде запаметена како една од најдобрите монарси во сите времиња. Поради нејзиното достоинство чувство за смелост и посветеност“, вели Филипе VI.

А Елтон Џон посвети песна за кралицата за време на неговиот концерт во Торонто.