Иако е изграден пред кратко, на патот Тетово-Вејце има одрон на земјиштето и сега претставува опасност за минувачите. Од општина Тетово велат дека презеле мерки со поставување сигнализација и нарачале проектирање на потпорен ѕид.
„На компанијата за проектирање и е наложено да го состави основниот проект за потпорниот ѕид на патот Селце-Вејце, вклучувајќи ја и геомеханичката студија. Дадени се потребните инструкции и наредби за координирање и насочување на оваа фаза од проектот. Овие мерки имаат за цел да обезбедат уреден и ефикасен процес за рехабилитација на патот и преземениот напредок во подобрувањето на безбедносните услови“, додаваат од општина.
Од општината велат и дека за овој пат се уште не е направено техничко одобрение, а проектот е донација.
„Не, техничкиот прием се уште не е направен. И покрај ова, се проценува дека работите се изведуваат согласно важечките дозволи и прописи. Патот е донација, а врз основа на меморандумот за донации се испочитувани сите законски процедури. Овој меморандум е доставен до Управата за јавни приходи (УЈП) и се почитувани сите прописи и процедури за прифаќање на донацијата“, велат од општина Тетово.
Инаку, проектот чинеше околу 45 милиони денари. Овој пат беше пуштен во употреба пред четири месеци кога косовскиот премиер Албин Курти беше во посета на Македонија.
