Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид кај Клиничка болница – Штип, при што оградата и земјата се свлекле врз две паркирани возила со скопски и велешки регистерски таблички. Во инцидентот нема повредени.
Сведок на настанот, Ката Крстевска од Велес, која дошла на преглед во болницата, вели дека штотуку го паркирале возилото и се упатиле кон влезот кога слушнале силна врева и забележале дека ѕидот паднал врз автомобилот.
На местото интервенирале екипи на СВР Штип, кои го регулирале сообраќајот на улицата „Љубен Иванов“, додека екипи на ЈП „Стипион“ го расчистиле теренот.
