Тачи излезе од Европскиот фронт, Меџити со коментар: Тие не се споија идеолошки, туку да опстанат на политичката сцена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денес во изјава за медиумите првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата ВРЕДИ, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле идеолошки, туку за да опстанат на политичка сцена. 

Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во ВРЕДИ. 

– Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити. 

Прашан дали планираат да преговарат со пратници од ДУИ за да преминат на страната на ВРЕДИ, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.