Тага во светот на фудбалот: На 22 години почина репрезентативец на Еквадор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Марко Ангуло (22), фудбалски репрезентативец на Еквадор, почина во болница, соопшти неговиот клуб ЛДУ Кито. Лекарите 35 дена се бореле за неговиот живот по страшната сообраќајна несреќа, но за жал на крајот не успеале да го спасат.

Поради сериозноста на повредите, Ангуло веднаш бил опериран, бил на интензивна нега, во неколку наврати лекарите се обидувале да го спасат и повторно да го оперираат, но и тоа не било доволно.

Тој важеше за еден од најголемите таленти во Еквадор во последните години и одигра вкупно три натпревари за Еквадор. Последниот беше на пријателскиот натпревар против Австралија минатата година, кога влезе од клупата, а во исто време трпеливо ја градеше кариерата на клупски план.

Тој беше позајмен во ЛДУ Кито, а настапуваше за Синсинати од САД.