Најголемиот тајфун годинава, Рагаса, познат и како Нандо на Филипините, денес ги погоди Филипините, носејќи штетни ветрови и поројни дождови, што доведе до евакуација на илјадници луѓе, додека Хонг Конг, кинескиот регион Тајван и Кина се подготвуваат за удар.
Тајфунот го погоди островот Пануитан, во северниот дел на филипинската покраина Кагајан, со налети на ветер од над 267 км/ч, што е еквивалентно на ураган од категорија 5, соопшти Филипинската метеоролошка агенција (PAGASA).
Се проценува дека десетици милиони луѓе би можеле да бидат погодени од тајфунот, за кој се очекува да помине низ делови од Филипините пред да ги погоди Хонг Конг и Кина.
