Такси возило влета меѓу луѓе во Глазгов, има повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Три лица се повредени откако такси удрило во група туристи на една од најпрометните улици во Глазгов.

Се верува дека луѓето чекале да ја преминат улицата кога црно такси изгубило контрола и удрило во нив пред централната станица во Глазгов, објави Дејли мејл.

Со возило на Брза помош во болница се пренесени три лица, а едно лице го напуштило местото на настанот“, соопштија од полицијата.