Иако не дебатирале во партија, лидерот на АА, Арбен Таравари вчера во Клик Плус изјави дека на следните парламентарни избори можно е да се формира заедничка коалиција меѓу ДУИ, Беса и Алијанса, без да го спомне поранешниот коалициски партнер, Алтернатива.
Но Движење Беса не е задоволна од тоа што Таравари ја спомнува нивната партија во заедничка коалиција со ДУИ и во врска со тоа и реагираа.
-Г. Таравари треба да се реши дали е со Владата или со опозицијата и тогаш да гради сојузи и соработки. Додека е во Влада, му посакуваме продолжување на љубовта во рамки на владата со ДУИ, но таму каде што е ДУИ, не е Движење Беса-рече Касами.
Дебатирано е во коалицијата со албанските партии да биде и СДСМ. Според тоа што го изјави Таравари, ваквата коалиција би била штетна за социјалдемократите и би бил дополнителен аргумент кој ВМРО-ДПМНЕ би го користела во текот на кампањата.
Инаку редовните парламентарни избори се очекуваат да се одржат во јуни 2024 година.
