Таравари: Или со ВРЕДИ или сами – ВРЕДИ: Да ја ослободиме секоја општина од 20-годишниот режим

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на АА во ВРЕДИ, Арбен Таравари вели дека доколку не одат заедно со ВРЕДИ на локалните избори, тогаш ќе одат сами, со што ја отфрли можноста за коалиција со ДУИ.

-Доколку не излеземе со ВРЕДИ, втората опција е да излеземе сами на изборите и ова е втората опција, но да го видиме и расположението кај членството. За мене е многу важен гласот на членството и на граѓаните, изјави Арбен Таравари, претседател на АА, ВРЕДИ.

Ние не одиме на избори за да се занимаваме со имиња туку за да ја завршиме промената што ја започнавме заедно со граѓаните. Вака се изјаснија од другите партии во ВРЕДИ на прашањето на ТВ21 дали ќе одат заедно на локалните избори.

-ВРЕДИ е единствениот пат напред. Тоа е противтежа на режимот кој зароби сè – од училишта до болници, од општина до парламент. Не влегуваме во избори за да се занимаваме со имиња, туку за да ја заокружиме промената што ја почнавме заедно со граѓаните. Одамна се одлучивме, на локалните избори ќе одиме со народот и за народот. Немаме дилема: нашата цел е јасна: да ја ослободиме секоја општина од канџите на власта која 20 години ја разочаруваше довербата на Албанците, велат од ВРЕДИ.

На крајот на одговорот на ВРЕДИ истакнуваат дека на ист став е и Движење Беса, Алтернатива и Демократско движење невклучувајќи ја АА на Арбен Таравари.