Таравари ја објави кандидатурата за нов мандат во Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, денеска ја објави кандидатурата за нов четиригодишен мандат на чело на Гостивар. Таравари оваа одлука ја обелодени на социјалните мрежи.

„Поздрав до сите!
Денес сакам да споделам со вас важна одлука.
Тимот и јас одлучивме официјално да ја објавам кандидатурата за градоначалник на Гостивар.
Ние сме на крајот од првиот мандат. Велат дека понекогаш не ја разбираш вредноста на моментот, додека тој миг не се претвори во спомен. Така, часови и денови полни со работа, уште малку ќе се читаат како 4 години во календарот. Успеавме, во овие 4 години, името на нашиот град да биде заведен меѓу најуспешните и првите во државата.
Формулата за успех нема магија. Таа беше едноставна: Работа и Посветеност. Сега кога овој мандат завршува, можам да кажам без сомнение дека и покрај заморот, тешкотиите и проблемите, беше Привилегија и Гордост да се биде еден од оние што работеа за луѓето од овој град. Гостиварци беа и се мојот вечен мотив кој никогаш нема да заврши!
Главната причина што ме доведе до објавување на кандидатурата се тие, чесните и мирните гостиварци, вредни и трпеливи, тивки и вредни, храбри и мудри. Тоа е градот што ми го вметна во моето срце мојот покоен татко кој почина пред неколку месеци. Тоа се рацете со жуљеви на работникот од Гостивар кој иако со 1000 проблеми, се жртвувал себеси за да ги образува своите деца. Тоа се очите на гостиварските мајки кои знаеја да се смеат и во сиромаштија и да им отворат врата на гостите!
Тоа се гостиварските куќи кои имаат историја полна со неволји, сиромаштија и неправди, но тие продолжуваат да опстојуваат бидејќи имаат едно нешто што никој не може да го порази, гостиварската великодушност.
Toa се ценетите браќа и сестри, кои секој пат кога заминуваат на печалба го “погребуваат“ својот роден крај и љубовта за Гостивар колку подалеку одат толку повеќе расте!
Американскиот претседател Теодор Рузвелт рекол:
Верувајте дека можете и така ќе прејдете половина пат!
Имам апсолутна доверба дека заедно со вас, Албанци и Македонци, Турци, Египќани, Роми или Торбеши, од АА или ВМРО, од Беса, Алтернатива, ДУИ или СДСМ, или Левица, муслимани или христијани, но СИТЕ ГОСТИВАРЦИ можеме да го изградиме нашиот град и да го направиме таков каков што секој од вас заслужува!
Затоа, официјално и гордо ве поканувам сите да се собереме околу слоганот ГЛАСАМЕ ЗА ГОСТИВАР!
Овој повик оди до секој гостиварец којшто градот го носи во срцето! Да и покажеме на цела Македонија дека сме пример за посветеност кон градот, дека пред се ГЛАСАМЕ ЗА ГОСТИВАР!
Со Божји благослов ќе застанам на ред со оние стотици и илјадници мажи и жени кои го сакаат овој град и сакаат да го видат добар!
Ви благодарам!“, напиша Таравари.