Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска рече дека е укината забраната дека докторите од приваните клиники не може да се вратат во јавното здравство.

„Имаше забрана од август 2022 година според која докторите од приатните клиники не може да се вратат во државните. Пред три недели на Влада ја поминавме одлуката да се тргне оваа забрана. Тоа нема да важи за сите доктори, туку само за докторите специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и стоматолози. Меѓутоа директорот на клиниката треба само да каже дека има потреба од такви кадри. Полека почнува да ги враќаме докторите во јавното здравство“, рече Таравари.

За оваа тема вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше и лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека не е точна информацијата за вработување на 600 лекари поради забраната.