Таравари ќе ја чека истрагата – смртта на 14 месечното девојче, последица од небрежност?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По пладневната молитва, во населбата Синѓелиќ му беше кажано последното збогум на 14 месечно девојче кое почина на Детската клиника во Скопје.

Родителите тврдат дека девојчето починало поради негрижа на лекарите, бидејќи неколку пати биле одбиени детето да им биде хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Потоа девојчето го однеле во Козле каде состојбата му се влошила и било повторно вратено на Детската клиника каде било итно хоспитализирано, но за жал, предоцна, бидејќи по неколку часа терапија на интензивна нега, починало како последица од бронхопневмонија.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека му е жал за настанот и изрази сочувство на семејството, но додаде да не се чека тој да суди за случајот, туку да се почека истрагата од надлежните органи а потоа да има одговорност, дури и индивидуална.

Таравари потврди дека девојчето првично било одбиено од лекарите за хоспитализација.

Министерот вината ја гледа во здравствениот систем кои го наследиле и вели дека не може да ги смени нештата преку ноќ. Опозициската пратеничка од Европски фронт Рина Ајдари побара надлежните органи да започнат истрага и одговорниот да одговара пред законот.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди вчера рече дека бебето било примено со тахикардија и ниска сатурација, лекарите го реанимирале но безуспешно. Починало во 4.20 часот утрото на 5-ти октомври.