Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и на Алтернатива, Беким Сали, како и претседателот на огранокот на АА Чаир, Зуди Кока, имаа конструктивна средба со независниот кандидат за Град Скопје, Даниела Арсовска.
На состанокот се разговараше за идеи и решенија кои ќе бидат дел од програмата за главниот град, а беше заклучено дека се потребни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и за сите скопјани.
