Таравари по повод 100 дена нова Влада: Унапредувањето на здравствената заштита на сите граѓани беше наш главен приоритет

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада на министерот за здравство Арбен Таравари вели „реализиравме заштеда со укинување на економските директори“.

– Унапредувањето на здравствената заштита на сите граѓани беше наш главен приоритет во изминатите 100 дена. За таа цел заедно со нашиот тим во континуитет сме посветени да излеземе во пресрет на потребите на пациентите и на сите чинители во здравствениот систем во Македонија. Позитивната листа мислам е најглавната работа која ја реализиравме. Се работи за 9 нови генерички лекови, односно вкупно 87 лекови во различни пакувања. Реализиравме заштеда со укинување на економските директори. По нормална процедура ја поминавме во Владата претходно потоа и во Парламентот и сега на сите клиники и во сите болници коишто имаат над 1000 вработени практично имаме по еден директор, вели министерот Таравари.