Таравари пресече: Еве што прво ќе направи како министер за здравство во понеделник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари, предложен за нов министер од редовите на Вреди, денеска најави дека прво што ќе направи во понеделник е разрешувањето на економските директори.

Според него, тие се вршители на должност и тие ќе ги тргне уште на неговиот прв работен ден како министер, а за останатите ќе поднесе закон до Собранието.

„Понеделник ако ја преземам функцијата 90% од економските директори кои се в.д. ќе бидат веднаш разрешени, освен тие што имаат решенија. Ќе имаме веднаш предлог за закон до парламентот за да се смени законот и да не постојат веќе економски директори“, вели Таравари.