Таравари против Филипче – „Одлуката неврологија да биде ковид-центар е скандалозна“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одлуката Клиниката за неврологија да биде Ковид центар е скандал парекселанс, смета неврологот и поранешен министер за здравство Арбен Таравари. Според него е несфатливо како може министерот Венко Филипче кој е неврохирург, да одлучи Клиниката во која се лекуваат пациенти со тешка дијагноза, да ја претвори во Ковид центар. Тој додава дека неврологија би можела да биде Ковид центар само тогаш кога би се исполниле сите интернистички гранки.

Таравари смета дека пациентите кои доаѓаат на неврологија ќе бидат загрозени доколку се направи Ковид Центар.

Тв21 го контактираше и министерот за здравство, Венко Филипче кој вели дека има логика во тоа како се планирани капацитетите за сместување на пациенти со Ковид.

„Најпрвин станува збор за лежечки капацитети на клиниката за дерматовенерологија и клиниката за неврологија поради тоа што се физички блиску, лесно се пристапува, има лесен пристап до лабораторијата, има лифт кој што ги поврзува до горните спратови кај што треба да се сместуваат пациентите и има спремен кадар и централен довод за кислород“, посочи Венко Филипче.

Министерот Филипчеуверува декавеќе е направен план пациентите да бидат прегледувани во соодветни амбуланти како во рамки на интерната клиника, така и во рамки на хирушките клиники во делот на неврохирургијата.

„Делот за неврологија оделот во болницата 8 септември и еден посебен физички оделен дел на клиниката за неврологија кој што е одел за нефрофизиологија. Значи на ниту еден од пациентите на кој што му е потребна ваква помош, нема да му биде скартена ќе бидат сосем соодветно и навремено третирани“, додаде Филипче.

Според министерот, овој план кој што е направен со директорите на сите клиники, е план кој што веќе се спроведува. Тој додава дека лекарите и медицинските сестри веќе се подготвени да ги сместуваат пациентите со Ковид на интерните клиники тогаш кога ќе има потреба од тоа. Први следни одделенија после институтот за белодробни заболувања кој што веќе е во функција, се клиниките за дерматологија и клиниката за нервни болести.