Таравари разочаран од Беса во Тетово – Демири: Го разбирам додворувањето да станеш дел од Владата, ама…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на АА, Арбен Таравари, вчера во Клик Плус, изјави дека е разочаран од раководењето на Беса со Тетово. Додава дека очекувал повеќе од Беса бидејќи, како што тврди, неговата партија придонела во победата на Касами во вториот круг на локалните избори во Тетово.

„Почит за Движење Беса, имаме коректни односи со нив иако немаме некаква соработка. Малку сме разочарани од раководењето со Тетово бидејќи реално АА помогна таму во вториот круг на локалните избори и за жал побиениот фидбек од Беса не беше воопшто коректен кон луѓето на АА“, посочи Арбен Таравари.

Во врска со ова реагираше генералниот секретар на Беса, Абдуш Демири, преку фејсбук објава.

„Го разбирам додворувањето на лидерот на АА за да стане дел од Владата, но не го разбирам каква мака има со Движење Беса!“, вели Абдуш Демири.

Инаку Алијанса за Албанците и Беса се две албански опозициски партии, но според тоа што вчера го изјави Таравари, изгледа дека партијата на Касами ќе биде единствената партија во опозиција.