Таравари за болницата Козле: Го примив писмото, ќе разговарам и со директорката, па ќе донесеме одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ21 изјави дека добил допис од вработените во болницата во „Козле“, на кој, како што најавија, потпишале вработените, главно лекари. Таравари рече дека ќе ја сослуша и директорката за да бидат присутни сите страни и потоа ќе се донесе одлука за случајот.

„Да, добив писмо од колективот каде што се потпишаа вработените, главно лекари, сега треба да ја слушнам директорката за да можам да донесам одлука. Мора да се слушнат сите страни“, изјави Таравари за ТВ21.