Таткото дома, малото момче питачи на улица – Тренчевска: Секое дете заслужува дом и семејство кое ќе се грижи за него

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

-Каде е татко ти?

„Татко ми?

-Да, татко ти, каде е?

„Дома“.

Деца кои питачат можат да се видат речиси насекаде низ скопските улици. Колку државата се грижи за нив? Самата министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска рече дека секое дете заслужува семејство кое ќе се грижи за него, но за жал не секое дете ја има таа можност.

Хералд Фугер, аташе за социјални прашања во амбасадата на Република Австрија, истакна дека Конвенцијата на ООН за правата на децата, ги обврзува државите потписнички да ги промовираат правата на децата и да ги опфатат основните начела за грижата кон децата и младите.

„Родителите згрижувачи во кризни состојби и кризните центри во Австрија играат важна улога во нудењето безбедна средина за децата каде е пријавена опасност“, вели Хералд Фугер.

Јулијана Гапо, национален директор на Детско Село СОС истакна дека грижата за децата во опасност е одговорност за на сите нас.

„Исклучително важно за безбедноста е децата да се сместат, не само во безбедна средина, туку и нивните потреби да се исполнат и нивниот глас да се слушне“, посочи Јулијана Гапо.

Инаку од МТСП за ТВ21 велат дека со работа на терен на центрите за социјална работа детектирани се околу 70 деца на улица во главниот град како и другите градови. Повеќето од нив се на улиците во Скопје. Од таму информираат дека тимовите ги вршат своите активности на критични локации кои се веќе одредени на територија на Град Скопје, со цел да се спречи феноменот “Деца на улица“, преку разни едукативни активности.